Канческа-Милевска: Не би дозволила никој да ме уценува

791

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, која гласаше за уставните измени, во изјава за медиумите по денешното рочиште за „Тендери“, изјави дека ниту била уценета, ниту имало пазар со премиерот Зоран Заев.

– Не би прифатила никаква, не би си дозволила никој да ме уцени ниту пак јас да уценам некого во однос на нешто што го сметам највисок државен интерес. Секој што ме познава, многу добро знае дека одлуки носам врз основа на сериозна анализа на состојбите, поготово во моментов една сериозна анализа за она што и е непходно на државата да продолжи напред и да се вклучиме во нешто што има национален консензус во нашата држава, а тоа е интеграцијата во НАТО и ЕУ. Затоа велам, уште еднаш ќе потенцирам не сум била уценета ниту пак ќе дозволам да бидам уценета за било што да ми се реши или да се стави во прашање за оваа моја одлука – изјави Елизабета Канческа Милевска.

Канческа-Милевска изјави дека и натаму својата невиност за случајот кој го води СЈО ќе ја докажува по судски пат.

На денешното рочиште по овој предмет, кој се наоѓа во доказна постапка беа сослушани двајца сведоци по предлог на обвинителството, кои во 2011 година биле вработени во Јавното станбено претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Следното рочиште за овој предмет е закажано за 25 јануари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...