Нелегитимниот претседател во заминување има уште два месеца во канцеларијата. Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат првите што ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ и на албански јазик, рече на прес конференција пратеникот на ДУИ Артан Груби по објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“.
Според Груби неговата примена нема да биде лесна, но со добра волја на институциите ќе биде одлична.
Иако Законот за јазиците е оспорен пред Уставниот суд, Груби вели дека тоа не ја одлага примената и тој мора да се почитува. За спроведувањето на Законот за јазиците ќе се формира и инспекторат.
– Сите чекори што ВМРО-ДПМНЕ ги презема по 2016 година се погрешни и не се во интерес на државата и граѓаните. Оваа партија не се постави правилно за јазичната рамноправност, интеграциите во ЕУ и НАТО. Демократски е да ги изгубиш изборите, исто како што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби претседателските – рече Груби коментирајќи ги постапките на ВМРО-ДПМНЕ.
Груби повтори дека ДУИ е против предвремени парламентарни избори бидејќи треба да се спроведуваат реформите.