Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека изборите ќе ги распише најдоцна до 8 февруари, првиот круг на изборите најверојатно ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.
– Првиот круг требаше да се одржи на 14 април, вториот на 28 април, но имајќи предвид дека се совпаѓа вториот круг со Велигден на размислување сме да се поместат датумите за седум дена. Односно, првиот круг да се одржат на 21 апрул, а вториот на 5 мај. Со тоа претсеателските избори треба да се распишаат најкасно до 8 февруари – рече Џафери.
Крајниот рок за инагуарација на новиот претседател, рече Џафери, е 12 мај затоа што тогаш е последен ден од мандатот на Иванов и за да се обезеди континуитет на функцијата претседател потребно е до тогаш да се завршат изборите.
Паралелно со претседателските, во три општини ќе се одржат и локални избори за градоначалници каде во моментов има назначено вршители на должност. Градоначалници ќе се бираат во Ново Село, каде сега веќе поранешниот си поднесе оставка, како и во Охрид и Дебар чиј градоначалници починаа.
Џафери на денешната прес-конференција посочи и дека се прават напори да се хармонизираат процесите и во минималните рокови кои ги предвидува новиот предлог-закон за спречување на корупција и судир на интереси, да се избере и нова Антикорупциска комисија.
ФОТО: EPA/NAKE BATEV