На темната страна на Месечината никнаа растенијата засадени овој месец од кинеската сонда Чанг Е-4, што е прв таков случај во историјата на човештвото, соопшти Кинеската национална вселенска агенција.
– Ова се добри вести. Овој успех укажува дека можеби во иднина нема да има големи проблеми за астронаутите да одгледуваат свои посеви во контролирани услови на Месечината – изјави австралискиот астроном Фред Вотсон.
Растенија се претходно успешно засадени на Меѓународната вселенска станица, но тоа е првпат на површината на Месечината. Тоа би значело дека астронаутите ќе можат да „произведуваат“ храна и на нашиот природен сателит, но и каде било во Вселената.
Кинеските државни медиуми објавија дека се работи за памучно семе.
(ФОТО МИА)