Американската тенисерка Серена Вилијамс напиша шеговит коментар по нејзиниот прв меч на Грен слемот Австралија опен.
Поранешниот прв светски рекет ноќеска во два сета ја победи Татјана Марија од Германија.
– Сега играм сама! – напиша Вилијамс на Твитер.
Пред две години Серена победи на турнирот додека беше бремена. Веднаш по победата, таа зема одмор во својата кариера, поради што го пропушти Австралија опен 2018.