Уапсени три лица во Полска поради повици за убиства

70

Полицијата во Гдањск, по убиството на градоначалникот Павел Адамович, уапси три лица поради тоа што на социјалните мрежи повикувале на нови убиства, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Министерот Јоахим Бруџински изјави дека станува збор за „интернет тролови“ и за „неурамнотежени“ луѓе.

Не е познато кон кого биле наменети повиците за убиство.

Адамович почина вчера откако во неделата беше прободен со нож на хуманитарен настан на невладина организација.

Напаѓачот, пред да биде уапсен, на бината ја обвини партијата на градоначалникот, позициската Граѓанска платформа (ПО), дека го сместила во затвор каде што бил малтретиран.

Во Варшава синоќа се собраа илјадници луѓе под слоганот „Стоп за омразата“, а слични протести се одржаа и во другите градови на Полска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...