Уапсен избеган затвореник од „Идризово“

97

Полициски службеници од Гостивар вчера околу 13 часот го лишиле од слобода Ф.Р.(47) од село Речане, гостиварско, по кого од ноември 2018 година, поради бегство од затвор, била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Идризово“.

Ф.Р. бил приведен во полициската станица Гостивар, по што бил спроведен во Казнено-поправниот дом „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...