Со македонски пасош, без визи во 125 земји

443

Македонија е на 43-то место на листата земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направи Henley Passport Index за 2019 година.

Со македонски пасош слободно, без виза, може да се патува во 125 земји.

Од земјите во регионот, пасош со кој најлесно се патува има Грција која е на седмото место, Словенија е на 11. место, Бугарија е на 19-то, Хрватска е 20, по неа е Србија на 40. место, Црна Гора на 45-то, Босна и Херцеговина на 49, Албанија на 50, а најслабо рангирано е Косово на 90. место.

Најмоќен пасош има Јапонија, а по неа се Сингапур, Јужна Кореја, Франција и Германија.

На дното на листата од вкупно рангирани 190 земји се Пакистан, Сомалија, Сирија, и Авганистан и Ирак.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...