Сто триесет и две лица загинале за девет месеци на патиштата во Македонија, 4.374 биле повредени

163

Во периодот од јануари до септември 2018 година, на патиштата низ Република Македонија, случени се вкупно 2.765 сообраќајни незгоди, од нив 88 се незгоди со загинати лица, а 2.677 се незгоди со повредени лица. Ова го соопштија од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо.

Во истиот период животот го загубиле 132 лица, а повредени биле 4.374 лица.

Сто педесет и пет лица загинале во 2017, а 165 го изгубиле животот во сообраќајки во 2016 година.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...