Безмалку цела ДУИ од синоќа на Фејсбук го прослави објавувањето во Службен весник на Законот за јазиците, со кој албанскиот е втор службен јазик на целата територија на Македонија.
Откако претседателот на Собранието Талат Џафери на Фејсбук ознани дека Законот е објавен во Службен весник, честитки пратија лидерот на партијата Али Ахмети, вицепремиерот Бујар Осмнани, пратеникот Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши. На Фејсбук за законот за јазиците се огласи и молчаливиот вицепремиер кој ретко оди на работа Хазби Лика.
– Ветивме, остварувме, напиша Ахмети.
Пратеникот Артан Груби ги наброја столбовите кои ги ветила ДУИ.
– Интаграција во НАТО и ЕУ, ветено сторено, јазичната рамноправност, ветено сторено, ситемски реформи, ветено сторено, напиша Груби.
Бујар Османи пак, напиша „Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети“.
– Употребата на албанскиот јазик од нашите домови отсега и во институциите и пошироко. Честитки сонародници законот за јазиците влегува во сила, напиша Хазби Лика.