Зекири до ДУИ: Не се китете со туѓи перја

753

Потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зеќири преку Фејсбук и порача на ДУИ да не се кити со туѓи перја кога станува збор за законот за јазиците, откако претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа се пофали дека Законот е објавен во Службен весник.

– Речиси една декада на власт со ВМРО ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.
Заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество” за сите!!!
Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“- напиша Зекири.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...