Сончево и студено

Управата за хидрометеоролошки работи најавува стабилно време до петок, а за време на викендот зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините претежно во западните делови.

127

Во Македонија утринава освен во Гевгелија и во Дојран е студено со температури под нулата. Најстудено е во Битола каде во седум часот се измерени -12 степени.

Во Петровец кај Скопје измерени се -11 степени, во Лазарополе -9, во Крива Паланка, Маврово, Штип и Демир Капија -8, во Тетово, Куманово и Берово -7, во Прилеп и Охрид -6, во Пожаране и Струмица -4, а во Претор и Зајчев Рид во Скопје -1 степен. Во најјужните градови Гевгелија и Дојран измерени се два степена.

Најмногу снег досега има во Маврово – 70 сантиметри, а најмалку во Крива Паланка само еден сантиметар. На Попова Шапка се измерени 14 сантиметри снег, а во Берово осум сантиметри.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува стабилно време до петок, а за време на викендот зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Дневната температура од четврток позначително ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...