Белата куќа негира дека Иванка Трамп е кандидат за претседател на Светска банка

127
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп не е кандидат за претседател на Светската банка, соопшти Белата куќа.

„Фајненшл тајмс“ претходно објави дека името на Иванка Трамп се појавува како едно од можните кандидати за таа функција.

Заменик директорот за комуникации на Белата куќа, Џесика Дито рече дека тие наводи не се точни.

Таа посочи дека министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин и в.д. шефот на Кабинет на Белата куќа, Мик Малвени побарале од Иванка Трамп да „помогне во процесот за номинација на американскиот кандидат со оглед на фактот дека последните две години блиску соработува со раководството на Светската банка“.

Инаку, Иванка Трамп е советник на својот татко, претседателот на САД.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...