Врнежи од снег со послаб интензитет има во Скопје, Петровец, граничен премин Табановце, на Попова Шапка, Павлешенци и на планинскиот превој Ѓавато. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.
„Поради ниските т 0емператури наместа е можна појава на голомразица. Се уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга“, информира Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.