Меј: На 29 март Велика Британија ќе ја напушти ЕУ

310
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Велика Британија ќе ја напушти Европска унија на 29 март, изјави премиерката Тереза Меј за време на расправата за Договорот што го постигна со ЕУ.

Таа истакна оти не верува дека британската Влада треба да го продолжи рокот за примена на членот 50 од Договорот за ЕУ, кој ги дефинира условите за излегување од Унијата.

Меј ги преупреди пратениците дека Брегзит ќе биде во опасност доколку не се изгласа договорот за Брегзит.

– Блокирање на Брегзит е поверојатен резултат отколку Британија да ја напушти ЕУ без договор – истакна Меј во британскиот Парламент за време на расправата за договорот што таа го постигна со ЕУ.

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...