Триесет и деветгодишниот актер Крис Прат ја запросил ќерката на Арнолд Шварценегер, 28-годишната Кетрин.
– Драга Кетрин, многу сум среќен што кажа да! Почестен сум што ќе се женам за тебе – напишал тој на фотографија од нив двајца.
Парот ја дочекал Новата Година заедно во Мексико, а бил фатен и со кутии од домот на Шварценегер во Лос Анџелес.
ФОТО: E! News