Утре почнува расправата за доверба на владата на Ципрас, гласањето в среда

202
Photo: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Во 10 часот наутро по локално време, во грчкиот Парламент ќе започне седницата за обновување на довербата на владата, по барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, што ќе заврши во среда навечер со гласање доверба, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот премиер, а обраќања ќе имаат и лидерите на политичките партии.

Според грчкиот весник „Катимерини“, на денешниот состанок на претседателот и потпретседателите на Парламентот, било отфрлено барањето на опозицијата, расправата да трае три дена како што е предвидено со правилникот на Парламентот и било одлучено седницата да заврши најдоцна до среда на полноќ.

ФОТО: EPA-EFE-YANNIS-KOLESIDIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...