Пратеникот Амди Бајрам на Ромскиот бал зборуваше и за новото името. Тој рече дека Северна е негова визија уште од 1996 година откако претходно направи споредна дека кратенката за новото име на државата е исто со таа за неговата партијата.
– Северна Република Македонија. СРМ партијата, значи Сојуз на Роми Македонија. Северна Република Македонија, од ’96-та ова е визија моја – рече Амди Бајрам на отворањето на балот.
Сепак, пратеникот го помеша редоследот на зборовите во новото име во кое прво е „Република“, а потоа е „Северна“ – Република Северна Македонија.