Само инженерот го преживеа уривањето на „Боинг 707“, а 15 луѓе загинаа

333

При пад на иранскиот товарен авион „Боинг 707“ загинаа 15 луѓе од вкупно 16 во леталото, соопшти иранската армија.

Падот на авионот го преживеа инженерот, кој е хоспитализиран.

„Боинг 707“ превезувал месо од Бишкек, Киргистан, а несреќата се случила при принудното слетување поради лошите временски услови на аеродромот Фат, во близина на иранскиот град Караџа, западно од Техеран.

Претходно, медиумите објавија дека се урнал киргистански товарен авион со 10 членови на екипажот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...