Нешев: Спасените македонски туристи се однесувале неодговорно, испровоцирале две лавини

- Тие ја напуштија пистата под врвот Тодорка и влегле во доловите на Дамјаница и испровоцирале две ноќни лавини. Спасувачите под голем ризик успеале да ги спасат - изјави Григоров.

1321

Во изјавата за бугарското радио Фокус Емил Нешев, директорот на Планинската служба за спасување на Бугарскиот црвен крст вели дека однесувањето на спасените македонски туристи било многу неодговорно.

Во вчерашната акција за спасување учествуваа шестмина спасувачи од одредот во Банско и уште петмина спасувачи кои работеле на сигнализацијата и организацијата на спасувањето.

Нешев не сакаше да зборува за финансиските импликации на оваа акција, но истакна дека ваквото неодговорно однесување предизвикува ризик и за туристите и за спасувачите и за доброволците.

„Овие акции немаат вредност, тука не може да се зборува за финансии“, рече Нешев и додаде дека ризиците кои се закануваат се навистина големи.

Христо Григоров, претседателот на Црвениот крст на Бугарија во изјава за радио Фокус вели дека во овој случај биле нарушени сите правила на нормално однесување на еден турист. „Тие ја напуштија пистата под врвот Тодорка и влегле во доловите на Дамјаница и испровоцирале две ноќни лавини. Спасувачите под голем ризик успеале да ги спасат”, изјави Григоров.

Минатата година за оваа служба заврши навистина динамично – пет сериозни акции на планинарската служба.

Пред три дена две лица загинаа во снежна лавина над Банско, Бугарија. Според бугарските медиуми, едниот сноубордист загинал на лице место, додека другиот бил извлечен од затрупаниот снег, но набрзо им подлегнал на повредите.

Лавината ги влечела загинатите сноубордисти дури 800 метри.

Надлежните со денови апелирале на опасноста од лавини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...