Петмина македонски државјани, скијачи и сноубордери кои скијале на необезбедени патеки на Пирин, Бугарија, синоќа околу 21 часот беа безбедно извлечени. Сите петмина се живи и здрави, пренесоа бугарските медиуми.
Акијата за спасување започна околу 18 часот, на терен беа 12 спасители, а операцијата за спасување се одвивала од страна на Дамјанишка долина.
Тие вчера попладне паднале во провалија. Сигналот за помош пристигнал до Планинската спасувачка служба во Банско.