Ало СДСМ, не голтавме ние кнедли за вие сега да се курчите со избори!

Не само што објективно не е време за вонредни парламентарни избори, туки вие немате морално право да го искористите овој момент за вашиот тесноград партиски интерес - на блиц криг избори да му нанесете пораз на вашиот политички противник. Ова без разлика што ломоти онаа несреќа Мицкоски.

10078

Другарки и другари од СДСМ, предлагам да расчистиме некои важни работи уште сега, додека радоста, како што забележувам, ви преминува во недугав триумфализам, што може да ве подлаже да донесете погрешни политички одлуки.

Без референдумска поддршка, со големи напори и операции несвојствени за политичката игра во едно демократско општество, со наша граѓанска поддршка (и моја, меѓу другото), создадовте двотретинско мнозинство во парламентот за уставна имплементација на Договорот од Преспа.

Проголтавме многу кнедли и дозволивме неброено пати да ни ги врзете очите за да ги изведете вашите трикчиња, оти бевме водени од мислата дека правите нешто умно и историски важно за Македонија. Во таа смисла, ние, граѓаните, сме ваши соучесници во операциите за обезбедување на потребното мнозинство, дури и на операциите чиј легитимитет е крајно спорен. Ние бевме и сме соучесници со добра мисла и верба во европската иднина на земјата.

Е сега, да ви е јасно – ова што се случи ве обврзува да ги продолжите имплементацијата на уставните амандмани и сите други активности поврзани со евроатлантскиот процес. Сега треба силно да се мобилизирате во Владата и да работите со огромна енергија и ентузијазам. Тоа од вас го очекуваат и вашите и наши европски партнери.

Не само што објективно не е време за вонредни парламентарни избори, туки вие немате морално право да го искористите овој момент за вашиот тесноград партиски интерес – на блиц криг избори да му нанесете пораз на вашиот политички противник, со цел вашата власт да добие апсолутна мнозинска поддршка (така и шанса да прерасне во апсолутизам), а опозицијата дополнително да ослабне. Ова без разлика што ломоти онаа несреќа Мицкоски.

Така не се договоривме. Тоа не би било европско, туку простачко балканско поведение. Тоа не би било добро за Македонија. Можеби е време да сфатите дека не баш сė што е добро за вас лично е добро за СДСМ и е добро за Македонија.

Се разбираме?

ПС. Ова за Мухамед Зекири за претседателски кандидат на СДСМ, претпоставувам, е невкусна шега. Или?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...