Демократски сојуз: Поглед кон иднината

220

Демократскиот дојуз смета дека со имплементација на Преспанскиот договор треба да се затвори поглавјето на меѓусебни обвинувања и поделби и сите заедно, сполотени и со верба во иднината да тргнеме напред.

„Вистина е дека нема Македонец кој се радува што се менува името на државата, но непобитен факт е дека овие болни процеси ги отвораат вратите на Македонија кон европските стандарди и вредности. Евроатланските процеси се моторна сила и само од нас зависи членството на Македонија во НАТО и интеграцијата во Европската Унија.

Преспанскиот договор е завршена работа, сега треба да ги засукаме ракавите и да работиме, да ги забрзаме реформите, да обезбедиме законите да важат подеднакво за сите, да се спротивставиме на криманалот и корупцијата, да создадеме услови за бизнис и нови работни места, за развој на спортот и за враќање насмевката кај сите граѓани“, велат од ДС.

Партијата вели дека е за создавање амбиент и услови за одржување на демократски и фер претседателски избори, како и за парламентарни избори но во редовниот законски рок (2020 година).

„Во овие историски моменти потребно е разумно и одговорно однесување, како битни предуслови за стабилност и јакнење на внатрешната кохезија и единство“, велат од ДС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...