Цела држава под нула, од утре пак снег

773

Минус 18 степени се измерени изутрина во Тетово,  што е најниска температура во целата држава, по што следат со минус 15 Битола и Дебар, Струмица и Маврово со минус 14, Крушево и Берово со минис 13, Штип и Скопје Петровец со минус 11. Минус 10 степени се измерени во  Охрид, Демир Капија и Крива Паланка, а минус девет во Скопје на Зајчев Рид, Претор и Пожаране, минис пет во Куманово, минус четири во Дојран, минус два во Гевгелија, покажува извештајот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Намногу снег има во Маврови Анови, со снежна покривка од 81 сантиметар, ПОжаране 45 сантиметри, Дебар и Лазарополе со 44, а 39 снатиметри во Ктрушево и на Попова Шапка.

Според УХМР,  во претпладневните часови преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и значително постудено. Преку денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.  Максималната температура ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде околу 1 степен. Утре во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Поизразени ќе бидат на повисоките места и на планините. Потоа ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и со услови за слаб локален снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...