Роџер Федерер призна дека неочекуваното повлекување од тенисот на Енди Мареј го шокирало и натажило поради фактот дека станува збор за решение на „неговото тело“, а не на самиот него.
– Тоа ме потресе. Се разбира, гледав дека Енди страда веќе некое време со својата физичка состојба. Би сакал секој да се повлече среќен. Проблемот е дека одлуката не е негова, тоа е одлука на неговото тело и природно тоа боли – изјави тој од Мелбурн, каде утре почнува првит за годинава Гренд-слем турнир – Австралија Опен.
Федерер зборуваше и за одличната кариера на Мареј.
– Тој го освои „Вимблдон“, Олимпијадата, стана бр.1. Дали тоа е лоша среќа? Не знам. Секогаш сум велел дека може да имате големи кариери, рамо до рамо со лошата среќа. Можеби од гледна точка на Австралија Опен, тој имаше лоша среќа, затоа што играше 5 финалиња тука и не победи ниту еднаш. Тој работеше исклучително цврсто и кога стигна до бр.1 или кога ги освои овие големи натпреварувања, тој целосно го заслужи тоа – смета Маестро, додадвајќи дека Мареј треба да биде многу горд на себе си и своите достигнувања.