„Шпигел“: Американскиот амбасадор во Германија е во „изолација“, се обидува да влијае врз внатрешната политика

1091

Американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренал е во изолација. Средби со него избегнуваат од германската владејачка елита, објави „Шпигел“.

Таквото однесување на германските политичари се должи на неговите обиди да влијае врз внатрешните работи на Германија.

Се нагласува дека дури и канцеларката Ангела Меркел „го држи на растојание”.

Покрај тоа, многу германски политичари и бизнисмени веруваат дека Гренал малку знае за Европа и за Германија, наведува „Шпигел“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...