Прилепчанец се товари од МВР и од Обвинителството дека преку Фејсбук упатувал закани по живот.
Вчера 40-годишниот прилепчанец М.С. е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи.
„Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.“, соопшти МВР.