Мицкоски: Заев, готов си!

Не се плашам од избори, и не молам Бога да не се случат, му возврати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција, која следуваше по обраќањето до конференцијата за медиуми на премиерот Зоран Заев. Тој, како што рече, во името на ВМРО-ДПМНЕ бара уште во понеделник да се распушти Парламентот, да се формира техничка Влада, и да се распишат предверемени парламентарни избори.

2212

Не се плашам од избори, и не молам Бога да не се случат, му возврати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција, која следуваше по обраќањето до конференцијата за медиуми на премиерот Зоран Заев.

Тој, како што рече, во името на ВМРО-ДПМНЕ бара уште во понеделник да се распушти Парламентот, да се формира техничка Влада, и да се распишат предверемени парламентарни избори.

– Зоран Заев, готов си! Ајде да одиме на избори и да видиме дали Зоран Заев ја ужива довербата, или вистинската анкета ќе му ја испорача народот. Ова не го барам само како ВМРО-ДПМНЕ, туку барам Македонија да престане да губи, и да си оди еден политичар каков што е Заев – рече Мицкоски.

Одлуката за промена на името ја оцени како срамна.

– Оваа влада беше за едно прашање и тоа го решивте кататсрофално преку промена на името, иденитетот, јазикот, истоијата, културата, образованието, промена на се што е македонско и овој рок и оваа задача сега завршува. Токму затоа оваа влада која ја предводиш ти толку силно ќе падне, што тешко дали нешто ќе остане од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да ја исправи во иднина оваа неправда. Останува запишано дека 81 човек го променија името и идентитетот, а не народот и не граѓаните на оваа држава – рече Мицкоски на прес конференцијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...