Заев: Еве, прво од устата на премиерот излезе „Република Северна Македонија“

Уставните измени за Договорот од Преспа што беа изгласани вчера во Собранието  денеска треба да бидат објавени во Службен весник на РМ по што, според премиерот Зоран Заев, на почетокот на следната недела македонското Министерство за надворешни работи  ќе испрати нота до грчкото МНР за да ги известат дека е завршен процесот.

1558

Уставните измени за Договорот од Преспа што беа изгласани вчера во Собранието  денеска треба да бидат објавени во Службен весник на РМ по што, според премиерот Зоран Заев, на почетокот на следната недела македонското Министерство за надворешни работи  ќе испрати нота до грчкото МНР за да ги известат дека е завршен процесот.

– Верувам дека уште на почетокот на идната седмица со објавувањето во Службен весник денеска на донесените вчерашни одлуки ќе ја испратиме нотата од нашето МНР до МНР на Грција да знаат дека е завршен нашиот процес. Веднаш после тоа тие влегуваат во нивниот процес за ратификација на Договорот, а веднашп после тоа и за ратификација на протоколот за членство во НАТО. Со тоа стапува во сила Договорот од Преспа. Следува нашата обврска да пуштиме писмо до сите земји во светот за одлуката што ја донесе македонскиот Парламент, тоа е дел од обврската од Договорот и тоа ќе го направиме – рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Според него, за стапување во сила на уставните измени не е потребен потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Тој во неколку наврати го користеше името Република Северна Македонија иако уште не е стапен во сила Договорот, а причина за тоа, како што рече, е да укаже на сериозноста на одлуката што е донесена во македонскиот Парламент.

– Да, спомнав, за да сфатат граѓаните, првин од устата на премиерот, за сериозноста на одлуката што е донесена во нашиот Парламент. Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. Примената е јасно опишана внатре. За меѓународна употреба стапува веднаш, за домашна употреба со отворање на поглавјата не повеќе од пет години е опишано детално. Но дефинитивно, тоа е решението кое го прифативме и кои ги отвора перспективите на целиот наш народ и нашата земја – истакна премиерот Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...