Заев: Ја разбирам горчината, но и гордоста на секој граѓанин! ВИДЕО

Премиерот рече дека сериозно ќе размислат за барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

500

По големата одлука во нашиот Парламент ги разбивме сите дилеми и си потврдивме дека заедно ја движиме нашата земја во иднината што ја посакуваме, македонска држава, како држава на европското семејство и членка на НАТО, кои не прифатија како Македонци со свој идентитет и со своја гордост, земја во чиј идентитет се вградени и идентитети на сите нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други кои живеат во нашата Македонија.

Тоа го истакна премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција по вчерашното изгалсување на измените на Уставот за спроведување на Договорот од Преспа.

Овие денови, потенцираше Заев, заедно со нашиот пријател Грција ќе ги отфрлиме изолацијата и недоразбирањата и заеднички ќе го потврдиме историскиото решение.

– Убеден сум дека и пратениците во грчкиот Парламент ќе ја препознаат и нивната голема улога во овој историски момент. Силно верувам дека нашиот пријател Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа и ќе биде првата земја која ќе го потпише протоколот од НАТО, а потоа ќе ги поведе останатите земји членки на Алијансата за да бидеме 30. земја членка на НАТО – рече Заев.

Тој се заблагодари на секој пратеник за, како што рече, оваа голема и одговорна одлука. Знам, наведе премиерот, колку беше тешко да се направи тоа, ја чувствувам и ја разбирам и горчината, но и гордоста на секој граѓанин од огромното мнозинство за одлуката да се прифати овој исчекор за доброто и иднинатата на нашата земја и на нашиот народ.

– Горчината ја оставаме во минатото и со гордост гледаме во иднината напишавме историја и ги отворивме новите  бели страници на нашата иднина за испишување на нова реалност, новата перспектива на Република северна Макеоднија, земја членка на европскотото и евроатлансткото семејство – рече Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека сериозно ќе размислат за барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

– Мојот став го знаете. Македонија треба да го искористи ова пред се за економија, реформи, да го средиме нашиот систем и да бидеме нормнална земја. Сите знаат, знам и јас, и господинот Мицкоски, тоа што го бара моли Бога да не се случи. Но бара првиот човек на опозицијата. Затоа сериозно ќе размислиме и ќе го отвориме најбрзо во највисоките органи и тела на СДСМ, ќе го отвори СДСМ ова прашање, следуваат претседателски избори и е вреднио за размислување како прашање затоа што не сакаме да оставиме каква било трага на пренемагање, уцени или што било во општетсвото – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...