Фејсбук изрази жалење откако неговиот автоматски систем за отстранување на голотија од социјалната мрежа ја цензурираше сликата Слободата го води народот на францускиот автор Ежен Делакроа. Сликата, посветена на револуцијата од 1830 година, е препознатлива по претставувањето на слободата како девојката Мариен, симболот на Франција, со разголени гради како го вее француското знаме.
Жоселин Фиорина, режисер од Франција, сакал да ја искористи сликата како дел од промотивната кампања на социјалните мрежи за неговата најнова претстава, но набргу по објавувањето на рекламниот материјал добил информација дека постот е забранет поради голотија.
– Ние проверуваме милиони фотографии секоја недела, и понекогаш правиме грешки – изјави Елоди Ларкис, претставник на Фејсбук во Франција, кој се извини за грешката.