Фајненшел Тајмс: Иванка Трамп и Ники Хејли кандидати за нов шеф на Светската банка

1144

Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп и поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли се меѓу кандидатите за функцијата претседател на Светска банка, објави Фајненшал тајмс.

Весникот не прецизира извор за информацијата.
На 1 февруари актуелниот претседател на Светска банка си заминува од функцијата, а времен шеф е Кристалина Георгиева. Таа не може да биде претседател на СБ бидејќи по правило претседател на таа банка е од САД.
Банката ќе прекине со разгледување кандидатури во средината на февруари, а изборот на нов претседател ќе биде во средината на април.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...