Џереми Хант: Чекор што ја доближува земјата до постабилна иднина

412

По усвојувањето на уставните измени во македонскиот Парламент британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант порача дека ова е голем чекор напред кон решавање на долгогодишниот спор за името со Грција и ја доближува земјата до побезбедна, постабилна и просперитетна иднина во срцето на евро-атлантската заедница.

– Обединетото Кралство силно го поздравува денешното гласање во Парламентот на Македонија за поддршка на спроведувањето на Договорот од Преспа. Ова е историски момент за Македонија.

Спроведувањето на Договорот ќе отвори поголеми можности за младите луѓе од Македонија и покажува што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината, се вели во пораката од Хант.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...