Димитров: Покажавме дека во нашата Македонија, живее идното, европско лице на Балканот

729

Задоволство од изгласувањето на уставните амандмани во Собранието изрази и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни. Во тешки околности, го решивме најголемиот проблем од независноста, што Македонија упорно ја влечеше назад. Ја преземавме одговорноста на нашата генерација, да ја зацврстиме државата и да направиме услови за подобра и посигурна иднина за идните генерации. Го зачувавме најважното, македонскиот идентитет, а нашата Македонија ја разграничивме од нашите соседи. Ви благодарам на поддршката кога беше најтешко, на советите, но и на критиките. Горд сум на македонскиот народ, на нашите сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други. Покажавме дека во нашата Македонија, живее идното, европско лице на Балканот. Кога сакаме, можеме. Сега засукани ракави, да си ја направиме европска во секоја смисла. Секој во своето. Ќе не’ биде!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...