Пред Собранието се читаат имињата на пратениците кои гласаа за уставните измени

694

Протестот против уставните измени продолжува додека во Собранието пратениците ги изгласаа уставните измени во третата и последна фаза согласно Договорот од Преспа.

Од импровизираната бина се читаат имињата на сите 80 пратеници кои треба да гласаат за уставните амандмани и прифаќање на Договорот од Преспа.

Протестот пред Собранието против уставните измени започна во 12 часот во организација на здруженијата „Македонија блокира“ и партијата Единствена Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...