– Се подготвувавме многу за овој натпревар и тоа вроди со плод. Не ми се допаднаа некои работи зошто кога имавме водство, гледавме во семафорот и дозволувавме нерезонски шутеви. Сепак ова е голема победа за голема самодоверба, пред сѐ, за младите – изјави Лазаров.
Во однос на следниот меч со Бахреин, тој смета дека нема да биде лесен натпревар.
– Мислам дека нема да е лесно со Бахреин. Тие се цврста репрезентација, играа финале против Катар на Азискиот куп, имаат добра екипа. Тие се поцврста екипа од Јапонците. Сега да се одмориме, мислам дека и вие сте свесни дека имаме недостаток во квалитет, тоа можеме да го надоместиме само со патриотизам и со национален набој. Само со таква поставеност можеме да им парираме на Бахреин и на другите репрезентации – додаде капитенот.
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO