Собранието го изгласа амандманот за дијаспората

1061

Собранието го изгласа и видоименетиот амандман за дијаспората, односно предлогот за кој претходно запнаа преговорите помеѓу Заев и Касами. Видоизменетиот амандман е дека „Републи се грижи за дијаспората на македонскиот народ , албанскиот, турскиот…“ и т.н.

Премиерот Заев рече дека со вака видоизменет амандман се праќа порака дека државата се грижи за сите во дијаспората.

Пратеничката на Беса Теута Биљали претходно го повлече првичниот амандман за дијаспората и рече дека Беса го прифаќа видоизменетиот амандман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...