Собранието го усвои видоизменетиот амандман на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, предложен од Алијансата за Албанците.
– Со овој амандман се подобри преамбулата на Уставот. Зборовите „како и граѓаните кои живеат во границите на државата“ остава впечатокот како тие времено да се овде. Амандманот не е прифатен, но е прифатен видоизменет амандман. Преамбулата на Уставот сега ќе гласи „Граѓаните на Република Македонија и дел од албанскиот народ, српскиот народ, турскиот народ… преземајки ја одгорноста и т.н, навистина прави еднаквост меѓу граѓаните. Вака видоизменет амандманот го прифаќам – рече премиерот Зоран Заев.
И пратеникот од Алијансата, Сурија Рашиди рече дека видоизменетиот амандман е прифатлив и гарантира рамноправност на граѓаните.