Премиерот Зоран Заев им се заблагодари на осумте пратеници за учество во процесот на уставните измени, но и упати критики до раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека намерно се изоставиле од целиот процес.
– Најлесно е да го избегнете овој процес, вашата партија е за ЕУ и НАТО, знае дека подобар договр не може да се постигне и затоа Мицкоски од април не сакаше повеќе да разговара за таа тема. Иако и тој знаеше што значи ова од безбедносен аспект за државата. Вие имавте храброст да учествувате во процесот. И точно е дека јас го сменив ставот, но за државарта се работи. Двојно решение за дома и надвор носи нови проблеми. Може ќе беше можно има само за меѓународна употреба, но ќе го немаше зборот Македонија – рече Заев во реплика на пратеничката Елизабета Канческа Милевска.
Пратениците не го усвоија амандманот на осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ името Република Северна Македонија да се користи само за надоврешна употреба.
Собарнието го усвои амандманот 33 на Уставот на Република Македонија.