Претседателот на Собранието Талат Џафери попладнево ја продолжи седницата за уставните измени со кои Република Македонија треба да стане Република Северна Македонија.
Џафери седницата ја отвори со утврдување на предлог на амандманите. За секој амандман се води општ претрес и претрес на текстот на амандманите.
Пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани на уставните амандмани.
Џафери отвори претрес за амандманот на осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев во својство на претставник на Владата го отфрли амандманот на осумте преатеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Елизабета Канчевска Милевска рече дека амандманот е многу јасен и бараат Република Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба. Таа побара образложение од Владата зошто ова е неприфатливо и зошто се одело на ерга омнес во Договорот од Преспа. Канчевска жали што ВМРО-ДПМНЕ не се на собраниската седница за да ги образложи нивните аргументи.
– Заев ќе го води сенка оти велеше дека нема да го менува уставното име, но и раководството на ВМРО-ДПМНE да не се служи со лажен патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ го избра најлесниот и најсрамниот пат да не присуствува на седницата. Им порачувам дека ние не сме предавници туку тие кои личните интереси ги ставаат пред државните – рече Канчевска Милевска.