Мерсер: Виена – најдобар град според квалитетот на живот, Скопје на 161. место

2169

Виена и во 2018 година останува градот каде е најдобар по квалитетот на живот, покажува истражувањето на американската консултантска фирма Мерсер.

Виена ја предводи листата на Мерсер поради безбедноста, но и поради ефикасниот јавен транспорт и различната културна понуда.

Австриската престолнина деветта година по ред ја предводи ранг-листата на Мерсер, на која се наоѓаат 231 град. Веднаш зад Виена се Цирих, Окланд, Минхен и Ванкувер, додека на дното е јеменскиот главен град Сана.

Главниот град на Македонија – Скопје е рангиран на 161. место, што е пад од две места во однос на 2017 година. Што се однесува на градовите од поширокиот регион, најдобро рангирана е Љубљана (75 место), Атина (86), Загреб (98), Букурешт (107), Софија (116), Истанбул (134), Белград (139), Сараево (159) и Тирана (176).

Од првите десет места во класификацијата – осум припаѓаат на европски градови, кои според Мерсер пружаат најдобар квалитет на живот.

Компанијата Мерсер при класификацијата зема предвид 39 критериуми од криминал до управување со отпади, транспорт, електроснабдување, телекомуникациските услуги и клима.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...