УЕФА парично ги казни ПСЖ и Црвена ѕвезда

111

Европската фудбалска федерација (УЕФА) им изрече парични казни на францускиот и српскиот шампион Пари Сен-Жермен и Црвена ѕвезда.

ПСЖ ќе треба да плати 35 илјади евра поради неспортско однесување на неговите навивачи на средбата со „црвено-белите“, употреба на пиротехнички средства, како и заради несоодветно однесување на клупските челници и доцнење на почетокот на натпреварот.

Казната за белграѓани е 25 илјади евра, а е изречена поради непримерно скандирање на нејзините симпатизери и предизвикување немир кај останата публика.

Натпреварот ПСЖ – Црвена ѕвезда се одигра на 3 октомври во Париз и заврши со победа на Французите од 6:1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...