Се поплавија канцеларии на МВР во зградата на МРТ

864

Службата за општи и заеднички работи во целост ја санирала состојбата со поплавените простории во Македонската радио телевизија. Освен исцрпување на водата од просториите и лифтовите, поради претпазливост, во објектот на МРТВ била исклучена и струјата, а биле поставени и вреќи со песок, за да се спречи водата да навлезе во останатиот дел од објектот.

Службата за општи и заеднички работи и Владата на Република Македонија ги уверуваат вработените, но и целата јавност дека не постои опасност за појава на пожар во објектот на МРТВ.

Просториите на вториот кат биле поплавени утринава, поради пукање на хидрант. Тие простории ги користи Министерството за внатрешни работи.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...