Собраниската седница за уставни измени која требаше да почне напладне и денеска се одложува за во 15 часот.
Седницата е одложена, како што велат извори од Собранието, затоа што се уште траат преговорите на премиерот Зоран Заев за двотретинското мнозинство, потребно за гласањето на измените на Уставот според преспанскиот договор.
Неофицијално, се прави уште еден обид со лидерот на тетовското крило на Беса Билал Касами да се постигне договор како да гласи формулацијата за државјанството, што е услов од Беса да гласа за промени на Уставот.