Евакуирани три суда во Германија поради закани од бомби

64

Германската полиција денеска спроведе евакуација на вработените и присутните во судови во градовите Кил, Ерфурт и Магдебург, поради добиени закани дека во судските згради се поставени бомби.

Како што јави електронското издание на весникот „Хановерише Алгемајне Цајтунг“, заканите за поставени бомби во судовите во Ерфурт и Магдебург биле упатени по електронска пошта, додека за Судот во Кил преку телефонски повик во текот на ноќта.

Во тек е полициска акција за проверка на објектите на трите суда во која се вклучени и кучиња-трагачи по експлозиви.

Во исто време, полицијата во германската западна покраина Хесен на Твитер објави дека спровела евакуација на судници во суд во градот Визбаден, откако во неа бил пронајден сомнителен предмет.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...