– Oд 7 часот изутрина па до 12 часот укажавме помош на четворица скопјани само за здобиени скршеници, па советуваме граѓаните многу да внимаваат на вакво особено студено време и на движењето по замрзнатите улици и тротоари. Првиот совет е без итна потреба воопшто да не се излегува надвор, а кога излегуваат граѓаните полека да се движат, народски кажано, како пингвини, а важно е рацете да се слободни и никако да не се држат во џеб! Туку рацете да се раширени при движење, па иако се изгуби рамнотежа, така се компензира за да не се падне. Може и чорапи да се носат преку обувките, за да се спречи или намали лизгањето по замрзнатите улици, на кои може да се падне и да настрада некој екстремитет и од обидот за фрлање ѓубре, што и сме го имале како случај – советува д-р Георги Карамановски, шеф на смена во Службата за итна медицинска помош во Скопје.
До вчера имаше повеќе од 50 скопјани кои се здобиле со скршеници, најчесто на екстремитетите, паѓајќи на замрзнатите улици, а дел од нив се задржани во болница или на клиниките.