Дваесет и четиригодишната Јована Миленковиќ, која вчера беше тешко повредена откако автобус и автомобил се судрија кај Крушевац, починала сабајлево во болница.
Како што пренесува „Курир.рс“, нејзиното бебе, кое после несреќата било родено со царски рез, се уште е во критична состојба.
Тоа после реанимацијата било приклучено на апарати за дишење и неговата здравствена состојба и понатаму е нестабилна.
Возачот на автомобилот, сопругот на Јована, починал на лице место на несреќата.
ФОТО: Курир.рс / Принтскрин