Ќе има судски процес за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, потврди Кривичен

752

Обвинението за случајот „Талир“ на СЈО кое се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ е прифатено во целост, информираа од Кривичниот суд.

Предметот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на судија, по што тој ќе треба да го закаже и почетокот на судскиот процес.

Со обвинението се опфатени се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“.За истото дело, како правен субјект, со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Од овие лица, само на Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи пред неполн месец таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

СЈО поднесе уште еден обвинителен акт во „Талир“. Тој се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата, а е поднесен против Никола Груевски и Кирил Божиновски. Меѓутоа, ова обвинение сѐ уште се наоѓа во рацете на судија за оценка на обвинителен акт. Кога ќе има одлука дали ќе се прифати или не, како што велат од судот, јавноста ќе биде информирана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...