СП ракомет: Познат состав на Македонија за дуелот со Јапонија

158

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез, одлучи со кои шеснаесетмина ќе се обиде да ги освои првите бодови на Светското првенство.

Македонија попладне со почеток од 15 часот и 30 минути во Минхен се среќава со Јапонија во првиот меч од Б-групата.

Селекторот Раул за овој натпревар ќе смета на: Борко Ристовски, Никола Митревски (голмани), Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров
Филип Талески, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Кирил Лазаров, Горан Крстевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марио Танкоски и Филип Чурлевски.

Друга Шанса за учество на Мундијалот ќе чекаат Златко Даскалоски и Милан Лазаревски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...