Девојка од источно-кинеската провинција Фуџијан се опорави по 72-часовна клиничка смрт, откако на 1. јануари била итно примена в болница поради забрзано чукање на срцето.
По згрижувањето, нејзиното срце прекинало да работи, а таа ја загубила свеста. Лекарите утврдиле миокардитис – воспаление на срцевиот мускул, па веднаш била приклучена на апарати.
Тие ѝ го спасиле животот, но срцето повторно почнало да пумпа крв дури следното утро, а во наредните 72 часа ѝ се вратила и свеста.
– Откако ги отвори очите, ја прашав дали е среќна и дали може да ме фати за рака. Кога таа го направи тоа, сфатив дека таа се врати во живот, раскажува д-р Занг Минвеј од болницата при Универзитетот на Сјамен.